Денес, на 5 октомври на Светскиот ден на учителот, првачињата дадоа свечена заклетва дека ќе ги почитуваат и слушаат своите учители. На Могилата на непобедените тие се заветија дека ќе учат и ќе собираат знаење дека ќе бидат добри, вредни и успешни ученици, со што и официјално станаа дел од „семејството“ ученици. 


Под слоганот „Со мали чекори кон големи соништа“ настанот беше исполнет и со низа спортски активности во паркот на Могилата и на спортските игралишта, каде децата уживаа на топлото есенско време,се забавуваа и беа дел од свеченоста и случувањата. Настанот го поддржа и го поздрави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој на учениците им посака успешни школски години во нивното патување низ светот на знаењето.

Воедно беше одбележан и Светскиот ден на учителот, за кои беше нагласено дека преставува една благородна професија кој е водилка и поддршка на секое дете. „Учителите се темелот врз кој се градат знаењето, вредностите и иднината на секоја генерација,“ беше потенцирано на настанот во организација на општина Прилеп.
Прилеп оваа година има 650 првачиња.

