26.6 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

Нова детска градинка најави кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Дејан Проданоски

Нова детска градинка во нас. Рид,  најави кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски на денешната прес конференција.

„Секој вистински развој почнува со најмалите, но најзначајни чекори, со проекти што создаваат подобра иднина за нашите деца и за целиот град. Денес го претставувам проектот за нова, современа детска градинка во населбата Рид, инвестиција што ќе биде симбол на сигурност, иднина и грижа. Оваа градинка не е само објект. Таа е порака дека Прилеп ќе продолжиме да го градиме со визија и со одговорност кон идните генерации. На површина од над 2.000 квадратни метри, ќе изградиме модерен, енергетски ефикасен и целосно пристапен објект, со безбедна и топла средина за игра, учење и растење. Со овој проект ќе овозможиме згрижување на 200 деца од предучилишна возраст, што значи полесно секојдневие за родителите, нови работни места и зголемен локален развој. Ова е вистински пример за тоа како инвестицијата во најмладите е инвестиција во целата заедница. Мојата порака кон моите сограѓани е јасна: Заедно ќе создадеме Прилеп што расте, се развива и обезбедува достоинствен живот за сите граѓани, со модерна инфраструктура, со квалитетни јавни услуги и со вистинска грижа за секој еден жител на општина Прилеп. Верувам дека вистинската сила на еден град е во насмевките на децата и сигурноста на семејствата. Со ваквите проекти кои што ќе ги реализираме, сигурен сум дека чекор по чекор ќе го подобруваме нашиот Прилеп, како град на можности, напредок и заедништво, истакна  кандидатот за градоначалник  на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски на денешната прес конференција.

 

Би можело да ве интересира

Кампањата огледало што покажува што граѓаните очекуваат, но што веќе не прифаќаат

Проданоски: Наместо пречистувач, станицата стана загадувач ?!

Бунтеска: Прилеп со новата локална власт со сигурност го враќа стариот препознатлив сјај!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе