23.5 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

Деспина дома не успеа да ги задржи бодовите

Тимот на Ѓорче Петров 2 славеше  на гостувањето кај Деспина со 28-25, во меч од третото коло во Првата женска лига. Прилепчанки пружија  отпор, во првиот дел кога најчесто се играше израмнето, но пред паузата гостинките отидоа на плус пет, 15-10.  Деспина и второто полувреме покажа добра игра, но ниту еднаш не успеа да се закани и да  го намали водството од два/три гола на  вториот суперлигашки тим на Ѓорче Петровки. Па, бодовите нместо да останат во Прилеп отпатуваа во Скопје,на салдото на  Ѓорче Петров 2 на голема радост на тимот на Анжела Платон и Александар Царчев.

Мери Гичева на овој меч искуствено даде 11 погодоци за Деспина, а исто толку постигна и Кристина Наумовска од гостинската екипа.

Во следното коло Деспина ќе оди на гости кај Овче Поле СУ.

Би можело да ве интересира

Деспина почна без Гичева и Боризоска

Прво засилување во РК Прилеп – подготовките за новата сезона започнаа

Ставре Јада е “македонското нордиско злато” – обезбеди и трета зимска олимпијада (ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе