23.5 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

Кавадарчанец возел низ Прилеп со 2,30 промили алкохол во крвта

На 08.10.2025 во 01:45 часот на ул.„Леце Котески во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Л.Т.(41) од с.Бегниште, кавадаречко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „форд” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,30 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Како ќе функционира „Помош и нега во домот“ во Прилеп, Кривогаштани и Долнени

Пиво – Фест 2022 брои ситно…

Не гори куќата, душата гори, со се’ што сме имале во неа! (ВИДЕО – ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе