23.5 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

Десет дена од изборната кампања за Локалните избори 2025 – кандидатите за градоначалници и советници на терен

На десеттиот ден од изборната кампања, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со своите активности на терен – со митинзи и директни средби со граѓаните во повеќе градови и општини низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош, додека СДСМ продолжува со кампањата во Долнени, Кривогаштани и Прилеп.

Кампањата за локалните избори завршува на 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври.  Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Миле Талевски јавно ги објави заклучоците по кои денеска ќе се произнесат македонските пратеници

ОО СДСМ Прилеп: По 40 години нова градинка

Буџетот на Општина Прилеп за 2025 год. „тежи“ две милијарди сто триесет и пет милиони денари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе