22.2 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

Изложба „Вечито“ во чест на Богдан Богдановиќ архитектот кој ја проектирал Могилата на непобедените

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска, во присуство на голем број посетители, беше отворена изложбата „Вечито – Богдан Богдановиќ“. Изложбата ги претставува резултатите од најновите истражувања на спомениците на Богдан Богдановиќ во Македонија, заедно со богата ретроспективна поставка на целиот опус на овој автор. Изложбата е поддржана од Општина Прилеп, во соработка со НУ Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Прилеп.

Во текот на минатата недела како предвесник на изложбата беа реализирани работилници за деца и млади кои на креативно-ликовен начин го запознаа уметничкиот свет на Богдановиќ, но и сопственото културно наследство на локалитетот „Могила на непобедените“. Работилниците се одржуваа под менторство на историчарката на уметност Аида Шарац-Бербиќ, музејски едукатор.

Изложбата ќе биде отворена до 25 октомври. Во рамките на придружната програма премиерно ќе биде прикажан и филмот „Делото на Богдан Богдановиќ видено од земја и од небо“ (88 мин.) од Предраг Новаковиќ и дигиталната училница „Вечито – Богдан Богдановиќ“.

Еден од многуте наследства на Богдановиќ  е споменикот на паднатите борци од НОБ во Прилеп, Могилата на непобедените, меморијален комплекс изграен 1961 година во чест на загинатите борци од НОБ .Богдановиќ  има изработено уште  20 монументални споменици посветени на жртвите на фашизмот и НОБ, изградени низ целата СФРЈ од почетокот на 1950-тите до почетокот на 1980-тите години.

Би можело да ве интересира

Утре, прв самостоен настап на младиот пијанист Михаил Јагуриноски

Звукот на гајдата и кавалот од центарот на Прилеп го означи почетокот на 48 фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

(ВИДЕО)Нов концесионер за сала Македонија, се преговара за Универзална и за ФК Победа…

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе