20.4 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

Лукароска од трибината повика: Да направиме се’ што е во наша моќ Прилеп да биде дом и на нашите деца!“

„Прилеп е мојот дом, вашиот дом. Прилеп е нашиот дом. Дом на нашите баби и дедовци, на нашите родители. Наша должност е да го исполниме нивниот аманет – да направиме се’ што е во наша моќ, Прилеп да биде дом и на нашите деца!“ истакна Петра Лукароска, кандидат за градоначалник на СДСМ и Коалицијата, на вечрашната трибина.

“После 4-годишното владеење на ДПМНЕ, нам и на сите граѓани во „наследство“ ни останува опустошен и обезличен град, запуштени и испустени села, осиромашени граѓани. А поскапеа се’ што можеа да поскапат – водата, данокот на имот, комуналиите, градскиот превоз, паркингот. Но, повисоките цени на услугите не ја подобрија финансиската состојба на јавните претпријатија. Напротив – сите до едно станаа загубари со вкупен долг од над 2 милиони евра. Сето ова се случи со знаење и аминување на тогашниот претседател на Совет на општина Прилеп, Дејан Проданоски. Партиските директори од тефтерчето на Проданоски се тие кои ги доведоа пред банкрот јавните комунални претпријатија и удрија по џебот на граѓаните. Тандемот Јовчески-Проданоски има директна одговорност за уништениот спорт, за бришењето на „Победа“ од фудбалската мапа, за „евакуацијата“ на младите од родниот град, за узурпираните јавни површини, за темните, раскопани, нечисти и празни улици од кои демнат глутници кучиња скитници Конечно, и двајцата имаат вина за она според кое Прилеп е лидер во државата – бројот на запалени возила, фрлените бомби во угостителски објекти и семејни куќи, насилството на улиците. Зад ДПМНЕ, Јовчески и Дејан Проданоски, почитувани сограѓани, остана пустош и огромно разочарување! На 19 октомври да излеземе на гласачките места и гласајќи за бројот 5 да се избориме за победа, за враќање на Прилеп на патот на просперитетот и развојот.’ повика таа од говорницата.

Би можело да ве интересира

OK ВМРО ДПМНЕ: Пачешкоски, по 2 трансфери се „вдоми“ во Тутунски

Локални избори 2025 Прилеп: Во трка 9 кандидати за градоначалници и 10 листи за советници

Пела Редакција

Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе