14.9 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

В четврток до ОИК ќе бидат доставени избирачките списоци и гласачките ливчиња

Се’ е подготвено за престојните локални избори кои ќе се одржат на 19 -ти октомври в недела. Од ДИК информираат дека в четврток ќе бидат доставени избирачките списоци и сите гласачки ливчиња до сите општински изборни комисии,  додека в петок ќе бидат доставени уредите за биометриска идентификација .

Доверливиот изборен материјал се врши под целосно и постојано обезбедување од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР), според однапред усвоен и предвиден план.

Материјалот ќе биде соодветно чуван и обезбедуван и пред денот на гласањето, по гласањето, транспортот до општинските изборни комисии и ДИК.

По објавување на првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат, што ќе се објавуваат сукцесивно во живо во текот на изборната вечер, по завршување на гласањето и наредниот ден, во понеделникот, ДИК направи план за прием и достава на оригиналниот изборен доверлив материјал, сите записници од избирачките места и сите записници од утврдувањето на резултатите од гласањето од страна на општинските изборни комисии.

В понеделник, на 20 октомври, од раните утрински часови во определени групи ќе доаѓаат општинските изборни комисии и ќе ги предаваат оригиналните записници во ДИК, по што ќе биде организирана соодветна проверка.

Кон крајот на денот, односно в понеделник навечер, ДИК ќе ги објави и првичните официјални резултати врз основа на писмените оригинални записници од секое избирачко место и од секоја општинска изборна комисија.

На денот на изборите, ДИК на секои два часа ќе ја соопштува излезеноста на гласањето по општини.

Би можело да ве интересира

Александар Јовевски со виртуозен концерт во Прилеп (ВИДЕО)

Пела Редакција

Приоритет за вакцинирање ќе имаат лица над 75 години

Советот на Општина Прилеп ја одржа 37 та седница, прва за 2024 та година

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе