24.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Тројачанец Ристевска: Нашата визија е Варош да прерасне во симбол на убавина, традиција

Магдалена Тројачанец Ристевска, кандидатка за член на општинскиот Совет на СДСМ и Коалицијата претстави дел од визијата за ревитализација на населбата Варош со сите атрибути на убавина, културно наследство и традиција:
„ Населбите како Варош во светот се бисери на културното наследство. А кај нас?
За 4 години ниту турист, ниту визија. Локалната власт го остави заборавен, потонат во смет и темнина, со неасфалтирани улици и неискосени парковски површини.
Подрачното основно училиште „Блаже Конески“, место од кое родителите стравуваат за безбедноста на своите деца.
Кај споменикот на Орде Чопела наместо парк исполнет со детска радост – тишина и заборав.
Нашата визија е Варош повторно жив! Симбол на убавина, традиција, душата на Прилеп,“ рече Магдалена Тројачанец Ристевска, кандидатка за член на општинскиот Совет на СДСМ и Коалицијата.

Би можело да ве интересира

Не се гледа крајот на тунелот Еурокомпозит, блокадите продолжуваат!

На Пиво Фест вечерва најава за уште побогата забава

Ја уценувал поранешната партнерка, изнудил над 500 000 денари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе