18.3 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Лукароска: Изградба на два кружни тека

За подобрување на безбедноста во сообраќајот Петра Лукароска, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од Коалицијата предводена од СДСМ предлага изградба на два кружни тека:
Метежот во сообраќајот е наше прилепско секојдневие.Во целиот тој хаос, вкрстувањето на улиците пред новата автобуска станица е „црна точка“ и перманентна опасност по безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Проблемот го решаваме со изградба на два кружни тека: едниот на спојот на „Леце Котески“ и булеварот „Гоце Делчев“, другиот на крстосницата помеѓу улиците „Браќа Миладиновци“, „Архиепископ Доситеј“, „Карпалак“ и булеварот „Гоце Делчев“.
Со поставување современа хоризонтална и вертикална сигнализација на двата кружни тека, обезбедуваме ефикасна сообраќајна регулација, намалување на метежот, поголема безбедност и подобар урбан развој,“ посочи Петра Лукароска, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од Коалицијата предводена од СДСМ.

Би можело да ве интересира

МВР апелира на претпазливост во комуникацијата со непознати лица!

Забрана за движење во шумите

Ирена Јакимовска и Анита Блажевска потпретседатели на Управниот одбор на Стопанската комора

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе