25.2 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Есенски панаѓур во ООУ Кире Гаврилоски по повод Светскиот ден на храната

Во духот на одбележувањето на Светскиот ден на храната – 16 октомври, во  ООУ Кире Гаврилоски Прилеп се одржа традиционалниот есенски панаѓур, на кој и оваа година беа претставени креативноста, вредноста и заедништвото на учениците и наставниците. На настанот учествуваа сите одделенија, подготвувајќи богата понуда на домашни производи: свежо цедени сокови, пити, овошје, зимници, џемови и слатка.

Секој штанд гордо ја претстави својата есенска инспирација и културно богатство. Социјалниот дух, креативноста и енергијата на учениците го направија панаѓурот вистински празник на вкусовите, традицијата и заедничкото создавање.

Со овој панаѓур учениците покажаа дека храната не е само потреба, туку и култура, љубов и начин на поврзување меѓу луѓето. Благодарност до сите ученици, наставници, родители кои придонесоа овој ден да биде вистински празник на есента, трудот и заедништвото, рече Снежана Шубеска, директорка на ООУ Кире Гаврилоски.

 

Би можело да ве интересира

Нови случаи на заразени

Маскенбал по повод Денот на шегата во Крушево

ХОЛАНДСКИОТ ПИСАТЕЛ КОЈ ЈА ОВЕКОВЕЧИ МАКЕДОНИЈА И ОХРИД

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе