29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Маскенбал по повод Денот на шегата во Крушево

Во центарот на Крушево денеска најмладите уживаа во дружењето и промоцијата на маски по повод Денот на шегата 1 ви април. Манифестацијата во организација на Општина Крушево предизвика голем број присутни да го проследат дефилето на маскенбалот на кој учествуваа ученици од училиштата, нивните професори – ментори, а секако присуствуваа голем број гости родители и пријатели посетители. Одбележувањето на Денот на шегата во Крушево прераснува во традиционална манифестација. Интересно беше да се проследи како младите се снаоѓаат во маските кои ги избрале да се претстават со својата фантазија.
Во соработка со Продукција Бозаро издвојуваме дел од претставените маски кои со радост и смеа продефилираа денеска во Крушево.

Би можело да ве интересира

Ќе нема ел.енергија во с.Канатларци

(ВИДЕО)Кражба на водоводот во Манастирот Трескавец го пролонгира пуштањето во употреба

Почина Владимир Блажев – Панчо, последениот член на групата ДНК кои настрада во пожарот во Кочани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе