23.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Денеска гласаат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

За гласање во вториот изборен круг, според податоците на ДИК, пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица. Денеска ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде што се бираат градоначалници

Болните, изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови денеска гласаат за избор на градоначалник во 32 општини и Градот Скопје пред утрешниот втор круг од изборите.

За гласање во вториот изборен круг, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица, а најмногу пријавени има во Општина Кичево, вкупно 823 лица. Денеска гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде што се бираат градоначалници.

Гласање за избор на градоначалник ќе има во 32 општини и Градот Скопје, а на три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето за советници поради утврдени нерегуларности на гласањето на 19 октомври. Право на глас во вториот изборен круг имаат 1 013 357 граѓани.

Вчеравечер на полноќ заврши изборната кампања, а во тек е изборниот молк кој трае до 19 часот в недела, кога се затвораат избирачките места.

Би можело да ве интересира

Сабота, 10 ти октомври, 20 новозаболени во општина Прилеп

Најавен протест пред Општината и патна блокада на надвозникот Прилеп – Витолиште

Ако го сакате Тоше Проески видео кое мора да го погледнете

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе