23.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Октет Прилеп им приреди музички празник на прилепчани

Со „Песна за Прилеп“ испеана пред 30 години од доајенот на македонската музика Гога Зафироски, Октетот Прилеп  синоќа го отвори својот традиционален концерт пред преполната сала на НУЦК „Марко Цепенков“

Придружувани од извонредниот оркестар, заедно со гостите Викторија Георѓиеска, Даниела Дани и Сашо Башески, членовите на Октетот приредија незаборавна музичка вечер која наликуваше на музички времеплов.

Од „Болен лежи млад Стојан“, до „ Се посврши сербез Донка“, преку „Серенада“, „Љуби ме и главата горе“, „Како Вардар“ и многу други, за на крај, на бис да ја отпеат „Пусти мерак Ратке“, песна без која не може да се замсили ниту еден концерт на Октетот Прилеп.

Велат некои луѓе стареат како злато, а некои како чевли. Но, членовите на Октетот Прилеп стареат како  виното што стоеше врз масите со карирани чаршави и ја збогатуваше сцената во салата. Како виното, така и тие стануваат се поквалитетни, пораскошни во давањето на емоциите, а тоа со заедничко пеење , ракоплескање и на крајот стоечки овации го награди прилепската публика.

Октетот Прилеп постои 31 година, работи во рамки на НУЦК „Марко Цепенков“, досега има одржано брони концерти низ Македонија, а има објавено неколку носачи на звук.

 

Текст и фото: Филип Димкоски

Би можело да ве интересира

„Слатки соништа“ на Зоран Пиловски освои златна плакета од Хрватскиот фестивал на едноминутен филм

Заврши првиот циклус за био градинарство од Градината на Филип и ЗОКУМ

(ВИДЕО)„Заживување на традицијата и зачувување на природата”- се одржа првата работилница во Новаци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе