20.2 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Се гласа во вториот круг за градоначалници за 32 општини и Градот Скопје

Победник на денешните избори за градоначалници за 32 општини и Градот Скопје ќе биде оној кандидат што ќе освои најголем број гласови. Во вториот круг не е потребен цензус, се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран оној што добил поголем број гласови.

Општините каде што денеска се гласа за градоначалник се: Град Скопје,  Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.

Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот, а гласањето е тајно и се врши зад параваните со сино хемиско пенкало.

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Во вториот круг право на глас имаат 1 013 375 гласачи. Од нив, 474 304 избирачи гласаат за градоначалник на Град Скопје.

Ако и по вториот круг, вели Изборниот законик, од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, тогаш Државната изборна комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ќе ја извести Владата.

Откако ќе го добие известувањето, Владата има рок, кој исто така е 15 дена, да именува повереник што ќе ги врши работите што се во надлежност на градоначалникот.

Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието за распишување нови избори избори за градоначалник.

Би можело да ве интересира

Уапсени тројца прилепчани, од кои двајца пијани возачи

ПЛАНИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА 2023 ГОДИНА, ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА

(ВИДЕО+ ФОТО) Преку показна вежба и презентација на опремата пожарникарите им ја доближија својата мисија на младите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе