23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Ново спортско игралиште во ООУ Рампо Левката Прилеп

Дворот на ООУ „Рампо Левката“ е збогатен со уште еден простор за спортски активности на децата. Денеска беше промовирано и пуштано во употреба ново, современо игралиште за баскет, со тартан подлога и ново осветлување. Градоначалникот Дејан Проданоски посочи дека инвестицијата е од Општина Прилеп.

Со инвестиција од 1.300.000 денари од Буџетот на Општина Прилеп, овој досега неискористен простор доби нов живот, место каде што децата и младите ќе можат безбедно, активно и со насмевка да спортуваат. Игралиштето ќе биде отворено не само за учениците, туку и за сите љубители на спортот од соседството и градот, затоа што секое дете заслужува пристојни услови за игра и правилен физички развој.

Би можело да ве интересира

Незнаење или пракса – На Мечкин Камен отежнат пристап за медиумите да известуваат

Саем на земјоделски производи и домашно.мк

Николовски: Ќе го решиме проблемот со канализационите мрежи во Мало и Големо Коњари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе