31.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

И репрезентацијата на Шведска ќе тренира на стадионот од ФК Големо Коњари

По младинската фудбалска репрезентација на Ерменија до 21 година (У 21) која неодамна одржа тренинг на стадионот од ФК Големо Коњари, и репрезентацијата на Шведска У21 ќе го користи теренот и просториите на овој второлигаш. Стадионот кој што е во одлична состојба,  според најавата од управата на клубот, вторник, од 11 часот за тренинг ќе биде на располагање на младата репрезентација на Шведска до 21 година која се подготвува за натпревар со репрезентацијата на Македонија.

„Се’ е подготвено за пречек на гостите и непречено одвивање на тренингот“ потврдуваат од ФК Големо Коњари кои се препознатливи како одлични гостопримливи домаќини.

Македонската младинска репрезентација (У21) на 13 ти ноември, четврток од 17 часот во Битола на градскиот стадион Петар Милошески ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Шведска во рамките на квалификациите за Европското фудбалско првенство до 21 година кое ќе се одржи во Албанија и во Србија 2027 г.

Би можело да ве интересира

(фото)Од меѓународниот турнир во Грција клубот „Пролетер“ со многу медали

(ВИДЕО) НК 12, ЕСЕРА и ТЕРА БИОСА во Фиталија за прихрана и заштита од пеколните горештини

И, прилепскиот аеродром под лупа – Владата испитува дали има злоупотреба на аеродромите во земјата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе