20.2 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Пристигна во Македонија историски документ од 17 век за посебноста на Македонците

Професорот Георги Гоце Дуртаноски и’ ја врачи на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова првата копија од Привилегијата  дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена. Овој историски документ е од огромна важност и денес кога Македонија и Македонците се соочуваат со негирање на етничката, културната и историската посебност.

Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис е проф. Георги Гоце Дуртаноски кој на овој свечен чин се осврнал за неговата важност за потврда на посебноста на македонскиот идентитет.

„Со Привилегијата, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател. Оригиналниот записник беше пронајден во Воениот архив во Виена, а потем реконструиран во Центарот за ракописни студии при Европската христијанска академија,“ рече Дуртаноски, кој воедно раководи со Академијата во Летонија .

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази почит кон неговата успешна работа на Европската христијанска академија, каде што предава христијанска палеографија, но и за ангажманот на Дуртаноски ширум Европа за препознавање и зачувување на историските факти и личности од значење за Македонија.

„Привилегијата  е од особено значење за македонскиот народ и неговиот идентитет. Документот го потврдува она што повеќепати е докажано, но добро е да имаме уште еден аргумент, соочени со обидите за негово оспорување“, додаде претседателката Сиљаноска-Давкова.

Чинот на примопредавањето на овој историски документ е само уште една потврда за важноста и ефикасноста на културната дипломатија како еден од начините за промоција и заштита на македонската самобитност преку богатото  македонско културно наследство.

Би можело да ве интересира

Прилеп: Еден новозаразен од корона, 16 оздравени

Опомена: При објавување на Христовото воскресеније не ставајте ги свеќите на плочките и оградите на храмовите

Пела Редакција

Викендов постудено време и снег на планините

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе