25 C
Прилеп
петок, 19 јуни, 2026
Пела Радио

Во атарот на с.Рилево мечка нападнала човек кој собирал печурки во шума

Возрасен маж е тешко повреден откако вчера претпладне бил нападнат од мечка во атарот на село Рилево, општина Долнени.

Нападот се случил околу 10:00 часот наутро, додека мажот собирал печурки во шумскиот предел.

Од нападот на животното, тој се здобил со тешки телесни повреди.

Повредениот бил забележан од ловџии кои веднаш го пренеле во болницата во Прилеп. Поради сериозноста на повредите и потребата од специјалистички третман, мажот подоцна бил транспортиран во клиниките во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Кривгогаштани едни нападнале полицаец, а други украле автомобил паркиран во двор

Пела Редакција

Се судри трактор и цитроен-тројца повредени

⭕Како од затвор избегани-им беше цел детското игралиште во Типската населба❗❗

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе