23.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Се крои почетокот на тутунскиот откуп

Последните чекори во процесот за заокружување на реколтата 2025 та е пред крај. Наредната недела во Институтот за тутун ќе бидат верифицирани мострите и во зависност од интересот на компаниите откупот може да почне. Интересот за преземање на реколтата е историски најголем досега со оглед на бројот на ваги на кои ќе мери и проценува годинешното производство.

„За 10  дена може да почне откупот за новата реколта. Од понеделник почнуваат да се верифицираат мострите на тутун во Институтот, тоа ќе биде од понеделник до петок. На 17 ти компаните можат да ги подигнат мострите, така да на 18 ти ноември компаниите можат да ги отворат пунктовите. Ние како Сојуз сме спремни да почне откупот на тутун. Имаме капацитет да ги покриеме сите ваги кои годинава изнесуваат 337, што никогаш не била толкава бројката на откупни ваги, така да се очекува тутун да се купи што побрзо и со добар квалитет,“ вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Годинава нема сомнеж за квалитетот, но сеуште се калкулира за тоа колку ќе тежи годинешната реколта. Променливото време есенва надокнади она што беше изгубено, пролетта и летото.

„Годинашната реколта, на почеток, тоа што го имавме, времето не беше погодно за производство на тутун со отсуство на дождови. Се очекуваше некаде околу 18-19 милиони килограми на тутун, меѓутоа со касните дождови се продолжи вегетацијата на тутунот и негде околу 20 милиони килограми тутун ќе има сигурно, “ вели Ристески.

Наводно, според проценките на откупувачите има 26 милиони килограми. Сојузот е во преговори за цените кои во договорите се на нивото од ланската реколта и од таму тврдат дека тутунот ќе биде платен подобро од лани.

„За цените, сега уште сме во договарања со компаниите. Во моментов не можам да излезам точно со информации, меѓутоа можам да тврдам дека ќе биде подобро платен од ланската реколта,“ додава Ристески потенцирајќи дека од голема полза за македонските тутунари е забраната за увоз ароматичен тутун за време на откупот.

И од најтутунската општина на Балканот Долнени посочуваат дека годинешното производство е со одличен квалитет, а есенските врнежи помогнаа и родот да биде потежок од предвидувањата.

„Некаде на почетокот мислев дека ќе имам 3 тона тутун, но со врнежите и со ова зголемување, некаде 3,5 тони веројатно ќе имам. Очекуваме повисока цена од ланската, бидејќи квалитетот е многу далеку подобар од ланската година и очекуваме многу повисока цена,“ вели Ибраим Јусуфи, тутунопроизводител од с. Житоше-долненско.

Наредната недела ќе се знае дали ќе има ран откуп, со каков интензитет и по кои цени, односно дали 10 те откупувачи имаат интерес да купат квалитетен ароматичен тутун, баран и добро платен на светските берзи.

Би можело да ве интересира

Планиран прекин на електрична енергија во повеќе населени места општина Долнени

Прилеп ја одбележува 80 годишнината од смртта на Али Фети Окјар

Од почетокот на пандемијата од коронавирус починалe 405 прилепчани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе