23.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

⭕Како од затвор избегани-им беше цел детското игралиште во Типската населба❗❗

Повторно по кој знае кој пат, спортското игралиште во Типската населба, синоќа беше цел на невоспитана група млади кои дивееле без око да им трепне уништувајќи ги реквизитите за вежбање и релаксација на теренот од игралиштето.

Колку треба човек да е незаводоволен од себе, од средината во која живее, колку треба да биде невоспитан да дојде на детско игралиште за да направи штета !?

Со групата млади уште денеска ќе се позанимава полицијата. За ова потврда добивме и од градоначалникот Дејан Проданоски кој на новинарско прашање одговори дека лично ќе се заложи кај надлежните институции за сузбивање на вакви и слични вандалски настани со цел уништување на општествениот имот:

Со голема загриженост и разочараност, за постапката , крајно го осудувам овој вандалски чин на кршење на игралиштата во населбата Точила. Ова не е само вандализам врз јавниот имот на општина, кој, патем, сите заеднички треба да го чуваме,  туку и директен удар врз безбедноста и  радоста, на нашите граѓани кои го користат игралиштето, за забава и рекреација. Игралиштата се места каде што се гради детството, пријателството и здравиот развој. Нивното уништување е чин на неодговорност и непочитување кон целата заедница. Општината ќе постапи веднаш за санација на штетата, а надлежните служби ќе ги преземат сите законски мерки за откривање и санкционирање на сторителите. При ваквите вандалски постапки, санацијата значи повторно вложување и трошење средства од општинскиот буџет, трошење од парите на граѓаните. Затоа апелирам до сите граѓани, особено до родителите и младите, за заедничка грижа и одговорност кон јавниот простор да го чуваме и да се грижиме за него. Само со почит, солидарност и заедничка грижа можеме да создадеме безбедна и достоинствена средина за нашите деца и за граѓаните на Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Танец ги раздели, па ги сплоти Македонците во Австралија

Полицијата приведе прилепчанец, пукал со пиштол за Коледе

Се отвора Градскиот пазар во Прилеп под засилени мерки за заштита

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе