15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди

Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери.

„Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426. Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година,“ стои во известувањето од Министерството за дигитална трансформација.

Рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.

Би можело да ве интересира

АПЕЛ: Некогаш таа им помагаше на другите – сега таа како самохрана болна мајка со три деца бара помош од другите

Пела Редакција

Пожар на новите градски гробишта предизвикан од невнимание од запалени свеќи

Мирчески: Сте се излажале ако мислите дека и годинава ќе го земете тутунот за без пари!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе