24.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Предлог за 13 Величествени, Tuning Car Show – уникатниот начин на промовирање на автомобилската култура

Предлог на Радио Пела за 13 Величествени е Tuning Car Show – уникатниот начин на промовирање на автомобилската култура .ГЛАСАЈТЕ на  ЛИНК (маркирајте, слезете подолу на страницата каде што пишува ГЛАСАЈ (и, каде може да ги видите  резултатите) КЛИКНЕТЕ  и одберете го Вашиот фаворит)

(Гласањето завршува на 05 февруари 2026 година. Доделувањата на признанијата е на 13ти  Февруари на Светскиот Ден на радиото, по повод годишнината на Радио Пела)

Tuning Car Show во организација на брајќата Марјан и Сашо Ристески, стана вистинска атракција за медиумите благодарение на својата активност во заедницата и уникатниот начин на промовирање на автомобилската култура. Настанот не е само изложба на модифицирани автомобили, туку и платформа за собирање на ентузијасти, поддршка на локални иницијативи, туристичка промоција  на градот и промоција на младинската креативност.

Медиумското  внимание и јавноста е првилечена од прикажувањето на  спектакуларни автомобили – модифицирани возила со уникатен дизајн и технички подобрувања секогаш предизвикуваат интерес кај новинарите и фото-репортерите. Организаторите често поврзуваат дел од настанот со добротворни акции – собирање средства за локални организации или поддршка на млади таленти, а медиумите го покриваат шоуто не само како автомобилска изложба, туку и како културен собир што ја збогатува локалната сцена.

Настанот инспирира млади луѓе да се занимаваат со автомобилски дизајн, инженерство и уметност. Во локална економија оваа манифестација придоенсува во присуството на голем број посетители од земјава и странство и носи придобивки за угостителските и туристичките капацитети во градот. Воедно, со медиумската покриеност, Прилеп како град – домаќин се позиционира како центар на автомобилската култура и иновација.

Tuning Car Show испраќа силна ПОРАКА: „автомобилската култура може да биде мост меѓу генерации, уметност и технологија, а во исто време придонесе за заедницата.“

Би можело да ве интересира

Убавината ќе си го најде патот, колку и да изгледа кревка понекогаш, ДОБРИЛА ГРАШЕСКА, предлог бр. 10 за најпрестижната општинска награда „3 – ти Ноември„

Попоска: Задоволство е кога квалитетот е препознаен (ВИДЕО)

Игески: Веселин Тофоски „ме инфицираше“ со спортското новинарство (ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе