5.3 C
Прилеп
понеделник, 10 февруари, 2025
Пела Радио

Игески: Веселин Тофоски „ме инфицираше“ со спортското новинарство (ВИДЕО)

Денес наш соговорник во студиото беше спортскиот новинар Зоран Игески, како еден од предложените личности на нашата анкета 13 вечичествени. Тој е долгогодишен посветен проследувач на спортот во Прилеп, а веќе две и пол години успешно го води единствениот интернет портал за спорт во Прилеп, Шампион.

Во неговиот спортски бележник се резултатите, достигнувањата и успесите на сите спортски клубови во Општина Прилеп, вклучително и населените места и без неговото новинарско перо нема да постои „спортска арихива“, бидејќи тој е единствениот кој ги посетува, главно сите спортски случувања во градот.

Тој очевидно беше изненаден од предлогот на граѓаните, да се најде на листата 13 величествени, не заради тоа што не е заслужен, туку заради тоа што е скромен човек кој со посветеност и со страст работи на темите во спортското новинарство.

Во овој разговор, во кој покрај водителот Филип Димкоски, се вклучи и техничкиот реализатор на програмата на Радио Пела,  Никола Димески кој е исто така страсен проследувач на спортот, па настана убава и топла дискусија за синоќешниот наптревар меѓу Македонија и Унгарија во рамки на Светското првенство во ракомет, потоа за ракометот во Прилеп, за иницијативата да се обнови Универзалната сала како насушна потреба за ракометарите од градот, но  секако и неизбежната тема, љубовта кон Победа, кон фудбалот, навраќање кон неговите почетоци во спортското новинарство.

Ф.Д. 

 

 

 

Би можело да ве интересира

ВЕЧЕРВА Е БОРБА ЗА ПЕХАРОТ

Првиот собир за најдобрите борачки во Скопје, а вториот во Прилеп ? ( ФОТО)

Никола Димески

18 МЕДАЛИ ЗА ЏУДИСТИТЕ НА СЕИШИН- ПОВТОРНО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО СВОИТЕ КАТЕГОРИИ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе