Изминатиов викенд во главниот град се одржа 6то и последно коло од првата и младинска лига во бокс на Македонија во спортската сала “Македонски Херои” .И оваа сезона прилепскиот боксерски клуб успешно ја затвори , а неговите членови само потврдија дека со право се во врвот на македонскиот бокс во младинска конкуренција.Прилепчани на социјалните мрежи ја изразија благодарноста до Министерството за Спорт за поддршката на клубот како и до локалната самоуправа за несебичната поддршка и придонес за да се создадат одлични спортисти кои ќе го претставуваат градот во овој спорт.

Еве ги и резултатите од последното коло за прилепските боксери:
БК АС Прилеп оваа година е на 4 то место во младинска бокс лига на Македонија.
Честитки за боксерите од БК АС Прилеп и тимот кој успеа и годинава со макотрпна работа и ангажираност со талентите во боксот да го постигни овој резултат.
Планот за наредна година е што поголеми успеси за градот Прилеп и Македонија. 




