15.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Средба на бизнисмените од Пелагонија за новините од Законот за сезонско вработување

Денеска Регионалната стопанска комора – Прилеп, со своите членки и претставници од регионалните стопански комори од Кавадарци и Битола одржаа средба со релеватните преставници на централните институциите со цел запознавање со новините на Законот за сезонско вработување и Законот за вработување на лица со попреченост .

Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија. Законот ќе ги опфати угостителство, земјоделство и услужни дејности, а работно ангажирани,  ќе имаат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги загубат бенефитите и статусот, најавува заменик министерот за економија и труд , Марјан Ристески.

– Овој  закон е револуционерен и за првпат се носи во нашата држава. Со овој закон се овозможува вработување на невработени, вработени лица, на студенти, пензионери. Сите овие лица кои ќе бидат работно ангажирани нема да ги изгубат бенефитите: пензионерите нема да го загубат пензионерскиот статус, студентите – студентскиот, а невработените нема да ги загубат социјалните бенефити. Овој закон е од голема важност и овозможува овие лица да бидат работно ангажирани, а  бизнисот да добие нови работа. Со ова ќе бидатат овозможени 17 илијади вработување во државата, рече Ристески кој ги посочи и придобивки од законот, а „ најмногу во намалувањето на сивата економија,“ рече тој.

– Со Законот ќе се интензивира борбата со неформалната екномија, односно, работата „на црно“. Ќе има мобилна апликација со која сите работодавци кои ќе ги ангажираат овие лица ќе може во моментот да ги пријавуваат и да ги одјавуваат и, секако, со тоа ќе се овозможат дополнителни приноси за луѓето кои ќе сакаат дополнително да бидат ангажирани за подобрување на економската состојба и на други бенефити Со овој закон работиме на сузбивање на сивата економија и очекуваме да се ангажираат 1.000 лица во земјоделството, односно околу 7.000 лица во услужните дејности. На овој начин државата ќе ја сузбие сивата економија и ќе го полни буџетот – изјави заменик министерот за економија Ристески.

Диreкторката на УЈП Елена Петрова, посочуваи дека институциите се сојузници  со компании

– Имаме заедничка цел. Наплата на даноците, праведност во оданочувањето и поволно деловно опкружување. УЈП во континуитет спроведува директни средби со стопанствениците во Македонија на кои се решаваат отворените прашања во поглед на даночната дисциплина и за подобри услуги кон нив. Најактуелно е воведување на системот за е – фактурирање што започнува од први јануари – рече Елена Петрова, директорката на УЈП Македонија.

Според законот, ангажирањето годишно може да биде од 120 до 180 дена, зависно од дејноста или максимамално до 15 дена во месецот.

Председателот на Регионалната стопанска комора – Прилеп, Никола Мариноски, во оваа прилика ја истакна важноста за проширување на дејностите кои се опфатени со овој закон и побара да се зголеми и бројот на ангажираните денови на сезонските работници.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан проданоски, кој присуствуваше на оваа средба истакна дека локалната самоуправа останува мост помеѓу централните институции и бизнис заедницата. „Ќе ги вложи сите напори за подобрување на деловната клима и за развој на локалната економија со цел унапредување на животниот стандард на граѓаните на Прилеп,“рече тој.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун “

Одличен квартал за прилепска „Витаминка“- кои се неговите акционери?!

Пет години стратешко партнерство Тутунски Комбинат Прилеп – Филип Морис Интернешнал

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе