31.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Од 1 ви јануари струјата поскапува

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска соопшти дека од 1 јануари 2026 година ќе се зголеми цената на електричната енергија за домаќинствата. Поскапувањето ќе изнесува:

  • Првиот блок – 2,45%
  • Вториот блок – 2,87%
  • Третиот блок – 3,32%
  • Четвртиот блок – 3,84%
  • Евтината тарифа – 2,5%

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, посочи дека ова се значително пониски корекции од предложеното зголемување од страна на ЕВН ХОМЕ, кое беше многу поголемо: 7,66% за првиот блок и до 11,86% за четвртиот.

Според РКЕ, за 85% од домаќинствата, поскапувањето ќе изнесува околу 2,28% или 57 до 70 денари на просечната месечна сметка.

Би можело да ве интересира

Пожар во Марино Маало, гореше куќа, предизвикана е голема материјална штета ( Видео)

Од утре на полноќ настапува изборниот молк, во понеделник ќе гласаат лицата со COVID-19 и во самоизолација

ИН МЕМОРИАМ: Почина прилепски уметник Богдан Грабулоски -Боначо

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе