26.3 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп одбележа 154 години од раѓањето на идеологот Гоце Делчев

Претставници од Советот на Општина Прилеп, од Локалната самоуправа, од училиштето кое го носи името на најголемиот македонски син Гоце Делчев денеска се поклонија пред бистита на херојот. Општина Прилеп денеска одбележува 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог на националната борба, Гоце Делчев. По тој повод пред спомен-бистата во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, институцијата што со гордост го носи неговото име, делегација од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, делегација од училиштето „Гоце Делчев“ заедно со претставници од останатите училишта и граѓани, положија свежо цвеќе и му оддадоа почит на великанот на Македонија.

Гоце Делчев е еден од најголемите македонски национални херои, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна борба, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.

Роден е на 04 февруари 1872 година во Кукуш.  На 3 мај 1903 година откако пристигнал на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ во селото Баница Серско, војската го опколила селото и во борбата утрото на 04 мај загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.

Би можело да ве интересира

Прилеп Водици 2026: Пријавени над 500 лица за учество на традиционалното полагање на светиот крст

Во ликовната галерија на Цепенков прва самостојна изложба на прилепчанката Анита Сот

Општина Прилеп и ЕВН потпишаа договор за квалитетно снабдување со електрична енергија во месноста „Три багреми“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе