18.6 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Си била некогаш “Голема Победа”

Нема ништо позначајно од спортски амбасадор на еден град, нема ништо погорделиво ако  насекаде или ако сакате во регионот да ве препознаваат по брендот , фудбалскиот клуб од каде потекнувате.Некогаш  препознатлива силна и полна со фудбалски таленти , Победа,а денеска на маргините на егзистенција и со “малигна” структура на предводници кои го доведуваат во прашање функционирањето на клубот.

Деновите кога со нетрпеливост се чекаше настапот на црвенобелата армија и празничната атмосфера низ прилепските улици , сега се претвори во “што ми е гајле за Победа нека згасни ако треба,немам корист јас од тоа , нека му ја мислат тие што ја уништуваат”.Да не се лажиме Победа не е туку така формиран “баталјон” , Победа е име и презиме , една традиција од која секако дека имаме сите корист, зошто?.Во таа Победа растеа генерации , се намножуваа фудбалски мајстори кои ги “кршеа” своите нозе , за клубот да застане на истите и само да ја негува фудбалската приказна за македонската “викторија”.

Си била некогаш “Голема Победа” , да, си била зашто тогаш никој и не го интересираа чии се клупските акции , кој и како го троши клупскиот буџет , кој зема поголема плата , од каде произлегуваат фудбалските таленти , зошто тогаш сите знаеа една работа , сабота или недела , за раце своите деца , внуци , жени , комшии и пријатели и сите на градскиот стадион.Дали со карта , дали преку ѕидчина , дали на скали кај брза помош или во друштво на навивачите, една беше целта , сите да навиваат за Победа.Разликата е голема.Наместо муабет за европски настапи на препознатливиот македонски фудбалски бренд , сега муабетот е преточен во згаснување , фузирање или нов почеток од најнизок ранг за великанот во фудбалот кај нас.

Една непрепознатлива но за жал ситуација која е долги години нерешлива енигма за секого.Една грда спортска кореографија за најфудбалскиот град во земјава , од која се некој профитира , се некој прави обиди , се некој нешто за себе си присвојува , заборавајќи дека Победа е на прилепчани , на фудбалските гурмани кои најдобро знаат како се сака својата Победа.

Ако мора да се размислува за одговорот до кога така ? ….И додека прилепчани несвојствено за нив дебатираат на повеќе места низ прилепската чаршија , на различни места (а не се сплотени сите заедно), ќе го дочекаат  крајот во кој ќе страадаат генерации и генерации кои ја сакаат фудбалската бубамара и кои едноставно сакаат фудбал, тренинг и фудбалска атмосфера .Барем за сите тие млади фудбалери кои сакаат да го надоградат фудбалското знаење во школата на Победа , тие кои го водат клубот да престанат да си даваат “автогол” , оти сега веќе сите знаат колку е голем” голот” и како може да се прими истиот.

Секој клуб има проблеми , ама и секој клуб знае како да ги реши, само очигледно во Прилеп е сеушште “кај шо има сила нема правина” или уште попрецизно “брзата  кучка слепи кучиња раѓа”.Во овие долги години на нестабилизирање на клубот , секој кој ќе дојде и го допре името Победа прави се, само да не функционира клубот нормално.Се редат тренери кои брзо го разбираат патот кој ја води Победа кон дното , заминуваат прилепски деца во други клубови , оти не можат да се израдуваат носејќи го дресот на својот клуб , се разочарува публиката која веќе не го сфаќа сериозно “орото” кое го играат луѓето во Победа.Дури пропаѓаат и обидите да се соберат навивачите и побараат спас за црвено белите.Сивило кое некогаш беше сосема поинаква бајка.

Вината е во секого а најмногу во оние кои дозволија Победа да се бори за живот , егзистенција, фудбалска беда и срам за градот.Колку побрзо се најде вистинската формула за излез од длабочините на сивилото , толку подобро за мене , за тебе , за сите нас …а навистина треба да се знае дека АРАМОТ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ – КОГА ТОГАЈ!.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прва книга на македонски јазик од турската авторка Гонџа Озмен

Пела Редакција

Се чисти депонијата во пределот кај т.н карпа „Скаменета Баба„ која се користи за болдеринг

Даноска претставник на Македонија на Европскиот зимски младински фестивал

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе