11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кои се можностите за финансирање од ЕУ – работилница во Прилеп

„Мојот сон е да допатувам од Софија до Скопје со воз и потоа да пливам во Вардар“, истакна на денешната работилница во Прилеп за можностите за финансирање што ги нуди Европската Унија Никола Бертолини, раководител за соработка при делегацијата на ЕУ.

При тоа, тој ,симболично ги издвои само неколку од областите (инфраструктура и животна средина, поврзување на соседните земји) во кои Европската Унија дава финансиска поддршка за обезбедување на европски стандарди во земјите кои се пред вратата на ЕУ, или се нејзини членки.

Во Македонија ЕУ помага со 260 илјади евра дневно, беше потенцирано на работилницата, при тоа имајќи ги во предвид областите како што се: инфраструктура, заштита на животната средина, економски развој, демократија, социјална инклузија, развој на образование, култура, земјоделство и друго.
Работилницата за механизмите на финансиска поддршка на ЕУ предизвика голем интерес бидејќи опфаќа широк спектар од претставници на локалната власт, бизнисот, невладини организации, здруженија на земјоделци, поединци кои се засегнати за добивање на помош од пристапните фондови на ЕУ.
– Од целата наша помош која ја нудиме на оваа земја 40 отсто е насочена кон локалните заедници. Гледаме дека многу од тоа е направено, но сепак се потребни уште многу подобрувања во таа насока. Најзначајно нешто за успешно реализирани проекти е инвестицијата во човечките ресурси, пред се тоа треба да бидат млади луѓе кои ќе можат да бидат обучени за да работат на вакви проекти, а исто така е многу значајна и инкузивноста на сите заедници во решавањето на проблемите преку овие проекти, потенцираше Бертолини на средбата со новинарите.
Радио Пела: Дали можеме да очекуваме олеснување на процедурите за аплицирање на било кои од овие проекти, кои се дел од помошта на ЕУ?
– Процедурата која што ја имаме овозможува многу добра контрола над целиот процес кое барање на самите даночни обврзници на ЕУ за тие средства, но сепак тоа што ние можеме да понудиме е начин како да се помогне во аплицирањето на тие проекти за успешно да бидат добиени и реализирани, рече Бертолини.
Радио Пела: Дали тоа значи дека останува на државата да се погрижи, да најде механизам за сите овие групи кои се заинтересирани да дојдат на полесен начин до фондовите на ЕУ? Дали тоа ќе биде задача на државата?
– Она што бараме од Владата е да се фокусира на решавање на локални проблеми, на начин на кој што од нив бараме да го децентрализира процесот на спонзорирање и обезбедување фондови за контретни проекти. Досега ситуацијата се одвивала во одредена насока. Ние правиме напори да ја насочиме Владата за изнаоѓање на решенија во таа насока, одговори Бертолини.
На работилницата која се одржа во големата сала на Собрание на Општина Прилеп присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски.
– Ние како Општина, јас како градоначалник ќе се заложиме да направиме амбиент, да направиме услови, за имплементација на се она што за нашите стопанственици го имаат замислено да го остварат во својство на подобрување на инфраструктурата, најчесто тоа е патната инфраструктура, промена на деталните урбанистички планови во градо и организација на вакви средби како што е денешнава за употреба на европските пари, потенцираше градоначалникот Јованоски.
Во рамките на денешниот ден посветен на можностите за финансирање што ги нуди Европската Унија денеска е најавена и средба со Ренате Коблер, Амбасадор на Република Австрија.
Следниот град каде ќе се организира ваква работилница е Струмица.

Би можело да ве интересира

Нов медицински шприц патентира 16-ет годишен Прилепчанец

Елизабета Филипоска

Се дигитализира архивата на театарот „Војдан Чернодрински“ Прилеп

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Пензионерски револт, песна, оро и поддршка од хрватските колеги

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе