15.4 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Утре нови цени на горивата – ќе продолжат ли да растат?

Регулаторната комисија за енергетика утре (понеделник) ќе донесе нова одлука за цените на бензинот и дизелот во Македонија. Колкави ќе бидеат малопродажните цени на нафтените деривати, во услови на нестабилни референтни цени на нафтата, останува да се дознае  околу пладне, кога обично се соопштуваат новите цени кои стапуваат на сила од полноќ.

Но, се отвора дилема “дали цените на горивата ќе продолжат да растат или ќе има обиди за нивно стабилизирање?“

Најголемиот снабдувач со нафтени деривати, Окта АД Скопје, понуди попуст од 2 денари од литар за дизел и бензини на трговците, со цел да го ублажи ефектот од порастот на цените пред денешната очекувана одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нови малопродажни цени.

А, ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар), масло за горење Мазут М-1 НС – 82,50 (денари/литар), екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 42,586 (денари/килограм)

Минатата недела бензините се зголемија за околу 5 денари по литар, а дизелот поскапе за 14,5 денари по литар.

Би можело да ве интересира

Растат трошоците за живот – инфлацијата продолжува да ја засега домашната економија

Пела Редакција

Светскиот ден на предвремено родени деца во Прилеп одбележан со хуманитарна акција

Кога ќе заврши реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ ?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе