

,,Никиогаш досега не сме виделе олку голема желба за чиста и здрава животна средина кај жителите од „Тризла,,- коментираа вработените од ,,Комуналец”, кои се жители на населбата. Да се надеваме дека во иднина сиот куќен отпад ќе биде одлаган во кантите за отпадоци или прописно спакуван до нив, а не расфрлан околу кантите или фрлан по улиците. А, обврска на јавното претпријатие останува да го собира комуналниот отпад од домаќинствата без ограничувања на количината“, велат од ЈКП Комуналец – Прилеп

„Ако се цени по денешниот ден за ЧИСТО И УБАВО, населбата Тризла покажа и докажа дека само со организирани акции, заедништво и слога, чистото е убавина за живеење. Пораката за чиста животна средина е испратена, сега останува свеста на жителите да биде поголема за почиста околина“, велат од ЈКП Комуналец

