26.1 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

ПК Младост 96 забележа победи во сите категории и потврди дека е најуспешенот клуб во домашното првенство

Викендов клубот Младост 96 настапи во сите категории и  забележа занчителни победи во сите.

Во петокот на домашен терен први настапија девојките на Младост 96, кои го пречекаа тимот на Пелагонија од Битола. Со убедлива победа од 4:0, тие ја забележаа својата шеста победа сезонава и останаа на врвот на табелата. Шампионската титула ќе се решава во последното коло, кога Младост 96 ќе се соочи со екипата на Шампиони ФА.

Во саботата настапи втората екипа на Младост 96 во рамките на Втората лига, која во Кочани оствари две убедливи победи против двете кочански екипи. Прво беше совладана екипата на Хепи со 4:2, а потоа следеше и победа над Кочани со 4:1. Со овие две победи, Младост 96 – втора екипа е на чекор до промоција и со голема веројатност ќе се круниса како првак во лигата, што би значело и настап во Првата лига од следната сезона.

Во неделата, пак, на сцена беше сениорската екипа на Младост 96, која во рамките на Супер лигата оствари уште две убедливи победи. Најпрво беше совладан тимот на Вардар со 4:1, а потоа следеше сигурна победа и против 1060 АС Ѓорче Петров со 4:0.

На овие натпревари настапи и вториот странски играч во редовите на клубот, Бугаринот Георги Стојанов, кој со своето присуство дополнително го засили составот на Младост 96.
Плеј оффот е обезбеден,и се очекува  повторно финале со Крива Паланка.

Со вакви резултати клубот продолжува со успешната сезона и потврдува дека е еден од најорганизираните и најуспешни клубови во домашното натпреварување.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот судија Зоран Костоски – Жере достојно и успешно ја заврши судиската кариера (ВИДЕО + ФОТО )

ЖЕЛНИ ЗА ФУДБАЛ – УШТЕ ДВАПАТИ ЌЕ СЕ ПОЛНИ СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП

Манчески, Павлов и Трајкоски од РК Прилеп во списокот на селекторот Лазаров

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе