20.5 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Гориво за 2 денари помалку на бензинските пумпи НИТ ОИЛ

На двете бензински пумпи НИТ ОИЛ во Прилеп во близина на цигарната фабрика од Тутунски Комбинат и на влезот од Кривогаштани, од денеска се продаваат горива по цени кои се за два денари по литар пониски од оние кои ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). На овој чекор компанијата се одлучила од позиција на општествена одговорност.

„Нашите бензински пумпи НИТ ОИЛ како општествено одговорна компанија се приклучуваат кон иницијативата за намалување на цените на горивата“, стои во соопштението за јавност споделено на социјалните мрежи. 

Според одлуката на компанијата, бензинот Еуросупер од 95 октани се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека бензинот од 98 октани ќе чини 86,5 денари.

Литар дизел на бензинските станици на „НИТ ОИЛ“  се продава по цена од 93,5 денари за литар која исто така е за два денари по литар пониска од онаа која ја одреди РКЕ – 95,5 денари.

 

 

Би можело да ве интересира

Натпревар за литературна и говорна уметност: Ученици добија награди за рецитирање и пишување

Пела Редакција

Смилеска: Над 33 илјади примиле барем прва доза вакцина во прилепскиот регион (ВИДЕО)

Од 18 март ќе може откуп на стаж до пензија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе