28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

(видео) Прилепските најмлади пијанисти со пијано маратон го одбележаа Ден на пијаното

Воодушевија со своите едноставни музички пијано изведби и потврдија дека Прилеп има многу млади музички пијано таленти – така најмладите пијанисти од ООМУ “Ордан Миихалоски -Оцка “-Прилеп го одбележаа Меѓународниот денот на пијаното.

Преку пијано маратон, како дел од одбележувањето на овој музички празник, 72 млади талентирани момчиња и девојчиња ja покажаа својата љубов кој пијаното и предизвикаа  многу насмевки и аплаузи кај присутните.

Благодарници до сите ученици, а златни медали за најдобрите, кои се натпреваруваа во три категории, во различни возрасни групи, со што им беше оддадено признание на младите таленти за нивниот труд и музичка страст.

Овој пијано ден не само што ја афирмираше уметноста, туку и ја поттикна младата генерација да продолжи да го негува музичкото творештво. Се доби впечаток дека пијаното не е само инструмент, туку и мост што ги поврзува децата, наставниците и заедницата преку заедничка радост и инспирација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Детско игралиште наместо катна гаража бараат жителите од урбана заедница Центар во Прилеп

Без дилема, утре почнува учебната година

Привремено вработените во прилепската болница бараат трајно вработување (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе