15.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Засилени полициски контроли за дрвокрадци: апсење и одземени две возила кај Оревоец и Плетвар

Во еден ден, две возила на дрвокрадци полицијата пронајде кај селото Оревоец и на Плетвар. Засилените контроли против дрвокрадството продолжуваат, информираат од Министерството за внатрешни работи:

На 24.03.2026 околу 22:30 часот на место викано „Маркова чешма“ во реонот на с.Ореовец, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Jуг во кoординација со СВР Битола- ОВР Прилеп го лишија од слобода О.С.(33) од Прилеп. При контрола на патничко моторно возило „форд мондео“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени огревни дрва за кои не поседувал никаква документација. Возилото и дрвата се одземени и се предадени на Шумска полиција.

По преземени дополнителни мерки, во 22:50 часот во реонот на превој Плетвар полициските службеници пронајдоа и патничко возило „сааб“ со швајцарски национални ознаки без возач, во кое, исто така, биле пронајдени огревни дрва. И ова возило со дрвата е предадено на Шумска полиција. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Би можело да ве интересира

Започна исплата на априлските пензии

Новите казнени политики на ресорното министерство – причина за револт на прилепските матични лекари

В недела, 39 Мариовско-мегленски културни средби

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе