29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

В недела, 39 Мариовско-мегленски културни средби

В недела, на 29 јуни ќе се одржи триесет и деветото издание на манифестацијата Мариовско мегленски културни средби во Витолиште.

Програмата ќе ја отвори претседателот на Организацискиот одбор, Стојан Ѓуровски, а поздравен говор ќе одржи градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Во програмата ќе настапат ученици од ОМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“,  пејачката Софија Коческа во придружба на  Стефче Стојкоски. Ќе настапат и културно-уметничките друштва „Гоце Делчев“ од Битола, „Стив Наумов“ од Логоварди, „Мирче Ацев“ од Тополчани, „Божица“ од Битола и други.

Потоа ќе следи заедничка веселба на учесниците во програмата и посетителите во придружба на народниот уметник Стефче Стојковски со неговата музичка група, а предвиден е и ручек за учесниците во програмата и за посетителите.

Водител на манифестацијата ќе биде Филип Димкоски.

Организаторот, Извршниот одбор на Здружението „Мариоско-мегленски културни средби“-Прилеп  Обезбеден е превоз за сите заинтересирани посетители на манифестацијата. Автобусот за Витолиште  поаѓа на 29 јуни во 7 часот пред Центарот за култура „Марко Цепенков“.

 

Филип Димкоски

фото: Oпштина Прилеп

 

Би можело да ве интересира

Микросам на саемот JEC World 2019 го претстави првиот Мулти-Роботски систем за современи композити

Граѓаните да не се плашат од притисоци – порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски од Прилеп

Промоција на две книги и две изложби од прилепчанката Марија Ѓорѓиоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе