15.6 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Еко херои – сите пофалби за учениците од СОУ „Р.Р. Ричко“ – Прилеп

Еколошки херои се учениците од Секторот графичарство од Ричко.
Неуморните Еко активисти од Сектор Графичарство, при СОУ ,,Ристе Ристески -Ричко”, денеска собраа над 1000 кг. отпадна хартија од ЈОУ,, Борка Талески”, во рамките на акцијата , Рециклирам, значи постојам”.

Дали ја спасија планетата Земја?! ЕКО хероите само помогнаа во спасувањето на искористување на природните ресурси, односно дрвјата.“ напишаа од ЈКП Комуналец Прилеп, кои им помогна на учениците во нивната акција да ја спасат Планетата Земја.

„За да ја спсиме планетата Земја, чии Ден се слави утре 22- Април, потребно е вклучување на многу чинители. Почитувани сограѓани, следете го примерот на овие неморни ученици и бидете ЕКО херои!“ напишаа од ЈКП Комуналец и ги повикаа граѓаните да се придружат кон акцијата.

ЕКО акцијата,, Рециклирам, значи постојам”, која се организира по повод 22 Април „Денот на планетата Земја”, има за цел да се собере старата отпадна хартија која се чува беспотребно во институциите и бизнис секторот, но и во домаќинствата. Воедно, се испраќа и порака дека со секоја собрана хартија која е за преработка во иден производ се штедат природните ресурси. Голем број на компании и институции ја понудија отпадната хартија да ја собере јавното претпријатие.
ЕКО акцијата е на иницијатива на Графичката струка при СОУ,, Ристе Ристески Ричко”, Општина Прилеп, ЈКП ,,Комуналец” – Прилеп, Ротари клубот – Прилеп и Колективните постапувачи со отпад.
ЕКО акцијата годинава се одржува во три градови: Прилеп, Битола и Скопје.

Би можело да ве интересира

Не’ очекуваат рестрикции, Владата донела Уредба за енергетска криза!

Витаминка донираше 400 брзи тестови за потребите на прилепчани

Двајца прилепчани приведени за кражба

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе