21.3 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Стибера

Прилепскиот завод и музеј денеска ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибаре, најпознат во земјава по импозантните мермерни статуи пронајдени на овој локалитетот. Од денеска до средината на мај ќе се работи на откривање на подземната инфраструктура која се востанови со гео скенирањето во 2023 година.Резултатите од геоскeнирањето кое се направивме со опрема од Археолошкиот музеј на Македонија упатуваа на постоење улица со широчина од 6 метри која почнувала од долниот сектор – Гимназиумот па се протегала до Горниот сектор каде бил градскиот плоштад со Агората, смета  Душко Темелкоски, археолог и раководител на истражувањата во Стибера при Завод и Музеј Прилеп. Археолозите годинава ги започнаа новите истражувања на приватна парцела и по документирањето на наодите ќе мора да ги засипат,иако архолозите сметаат дека баш тука се наоѓаат најимпознатните архолошки тајни на Стибера наречена уште и „Македонска Помпеја“

Стибера бил антички град со околу 20.000 жители. За тогашно време тоа било големо средиште, кој најголемиот процут имал од 3. век пред нашата ера до 3-4 век од новата ера.

Би можело да ве интересира

„Ајде да играме“ – иницијатива за подобра социјализација на најмладите

И вечерва на МТФ „Војдан Чернодрински“ две претстави во конкуренција

Фондот за иновации потрошил 750 000 евра за експерти без интервју и тестирање за стручноста

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе