16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Во сообраќајна незгода загина 32 годишен крушевчанец на регионалниот пат Прилеп – Крушево

На 26.04.2026, во 21:06 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека регионалниот пат Прилеп – Крушево, во с.Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(28) од Прилеп и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(32) од Крушево, информираат од СВР Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „опел вектра“ Н.З., кој во болницата во Прилеп им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт.

Додека, со телесни повреди се здобила неговата сопатничка С.Б.(29) од Прилеп и возачот на патничкото возило „ланд ровер“, констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во двор во Канатларци пронајдени 50 рачни бомби од Првата светска војна

Краделе од дете-приведени тројца млади, од кои двајца малолетници

Син го запалил татка си при семејна расправија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе