21.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во Прилеп ќе започне в понеделник (1 јуни).
Електронската и физичката продажба на билети се ограничени на четири билети по лице за претстава.
За потребите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, билетарницата во НУЦК „Марко Цепенков“ ќе работи од 10:00 – 14:00 и од 17:00 – 21:00 во периодот од 1 до 12 јуни.
За дел од претставите што се на мала сцена или се играат на самата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе бидат пуштени само одреден број влезници во продажба.
Дополнителна информација од театарскиот фестивал е дека Театар Комедија, кој беше селектиран со претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“, одлучи да не учествува на фестивалот годинава.
Јубилејното издание на најстариот театарски фестивал во земјава ќе се реализира од 5 до 12 јуни на повеќе локации низ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Се олабавуваат антиковид мерките?!

Од почетокот на пандемијата од коронавирус починалe 405 прилепчани

Прекин на електрична енергија во две села и индустриски комплекс во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе