26.5 C
Прилеп
вторник, 23 јуни, 2026
Пела Радио

Десет натпревари десет победи за РК Прилеп – десетка за играта во плеј-аутот во македонската Супер лига

Ракометарите на Прилеп ја завршија сезоната во македонската Супер лига со победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2, славејќи со 28-24 во последното коло од плеј-аутот.

Дуелот во Битола беше пресметка на двата најдобри тима во плеј-аутот, но Прилеп уште еднаш потврди дека во овој дел од сезоната е најстабилниот и најдобриот состав.

Најдобар поединец на натпреварот беше Димитар Димитриоски со 10 погодоци.

Со оваа победа РК Прилеп го заокружи плеј-аутот на совршен начин – со десет победи од десет одиграни натпревари.

Би можело да ве интересира

Победа подобра и од Слога

Илија Несторовски потпиша за второлигашот Асколи (ВИДЕО + ФОТО)

ШК „Прилеп“ го освои високото 3 то место на Државниот екипен шампионат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе