25.5 C
Прилеп
недела, 14 јуни, 2026
Пела Радио

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети:

На 13.06.2026 во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети. Притоа, биле констатирани вкупно 80 прекршоци кои ги прават моторциклистите, од кои 44 за неносење на заштитна кацига-шлем, пет прекршоци за управување под дејство на алкохол, седум мерки за измината важност на сообраќајна дозвола, две мерки за измината важност на осигурителна полиса и 22 мерки за останати прекршоци. Додека, 10 мерки се преземени за возачите на електрични тротинети .

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“посочуваат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина 21-годишно момче на излезот од Прилеп кон Битола

Финалето на Пивофест со: The For, Кал бенд, Даниела Мартиновиќ и Cyrillic

Иселениците од Балканот во Турција помагаат за справување со корона кризата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе