26.6 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Ристески: Младите се во фокусот на Оперативниот план за вработување 2026 та

Оперативниот план за вработување за 2026 година обезбедува речиси 40 милиони евра. Околу 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка.

Младите и годинава се во фокусот со поддршка до 10 илјади евра за отворање на сопствени бизниси, можности за здружување и зголемена поддршка, а за иселениците кои сакаат да се вратат дома обезбедена е дополнителна финансиска поддршка. Различно од минатата година е што оние мерки кои што не дадоа резултати се комплетно укинати, а додека од понеатрактивните мерки финансиските средства се алоцирани во двете најатрактивни мерки од планот, а тоа се мерката за самовработување и помош на правните субјекти за вработување на невработени лица.

„Главната цел на Оперативниот план за 2026 та година е вработување пред се’ на млади луѓе до 29 години. Меѓутоа во Оперативниот план во мерките опфатени се сите категории на невработени лица и тоа подолгорочно невработени, ранливи категории, жени, Роми и други ранливи групи. Ги повикувам сите млади и невработени да ги следат интернет страните на Министеството за економија и труд и Агенцијата за вработување  со цел да искористат што повеќе од овие мерки кои се предвидени токму за нив,“ посочи заменикот министер за економија и труд Марјан Ристески:

Во Прилеп во  Оперативен план за 2025 та биле опфатени околу 200 корисници во најатрактивните мерки за самовработување и вработување во постоечки фирми. Повеќе од 200 лица користеле и младински додаток како поддршка на млади до 23 години од 3 000 денари субвенција доколку се вработени во производни капацитети.

Би можело да ве интересира

Тутунарите протестираат – сообраќајот на Плетвар во застој до 16 часот

Учебната година заврши, започнува летниот распуст

Пела Редакција

Болницата ќе вработи 70 медицински лица, од кои 20 лекари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе