Рубинот од Македонија кој што е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја и се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово и официјално ќе биде национално заштитен од државата како уникатен полускапоцени камен. Ова денеска го соопшти Министерката за енергетика Сања Божиновска дека пристигнало решението со кое македонскиот рубин се прогласува за национално минерално наследство и со тоа се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцен камен.

Македонскиот рубин единствен природен рубин во копнената Европа што се обработува локално што се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Покрај својата естетска и колекционерска вредност, македонскиот рубин претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и националната гордост. Институционалниот процес за заштита на македонскиот рубин – геолошкиот уникат на македонскиот рубин почнаа во септември 2025 година.

