32.7 C
Прилеп
понеделник, 29 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп подготвен за заштита од пожари на отворено – казни за оние кои нема да ја почитуваат забраната за движење во шума

Координативен состанок со претставници на сите надлежни институции и служби вклучени во системот за заштита и спасување, со цел координација  за сезоната на пожари и зголемените ризици што ги носат високите летни температури, одржа Општина Прилеп.

На состанокот беа разгледани мерките и активностите што секоја институција ќе ги презема во рамки на своите надлежности, како и можностите за унапредување на меѓусебната комуникација и координација при евентуални интервенции на терен. Посебен акцент беше ставен на раната детекција на пожари, брзата реакција на службите, превентивните активности во ризичните подрачја и подготвеноста на сите расположливи ресурси за навремено справување со можни пожарни ситуации.

Апел до сите граѓани да се однесуваме совесно и одговорно, бидејќи само со заедничка грижа можеме да спречиме појава на пожари и создавање нови диви депонии. Една непромислена постапка може да предизвика сериозни последици, големи материјални штети и загрозување на природата, имотот и човечките животи. Затоа, потребна ни е одговорност од секој поединец, затоа што заштитата на нашата околина е заедничка обврска на сите нас. ТППЕ – Прилеп е максимално подготвена и екипирана за навремена реакција и делување на терен, а јавните комунални претпријатија активно ги спроведуваат сите неопходни активности за одржување на јавната чистота, расчистување на критичните точки и превентивно дејствување во пресрет на летниот период.  истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски

 

Во овој месец , ТППЕ- Прилеп, интервенирала 30 пати на пожари на отворено, кои биле брзо локализирани.

Ги замолувам граѓаните да бидат внимателни со нискостеблестата вегетација и друг лесно запалив материјал, со цел намалување на ризикот од појава и ширење на пожари, истсакна заменик командирот на ТППЕ- Прилеп, Виктор Стојчески.

Одлуката за целосна забрана за движење во шумите започнува да се применува од утре 1 јули и ќе важи до 31 август. Забраната, се воведува поради  зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот.  „Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружницата на ЈП „Национални шуми – Црн Бор” – Прилеп  за подрачјето со кое стопанисува и  управува ова претпријатие. При секое а излегување во нашата околина во шумите во општина Прилеп треба да се пријави единка или група,во  јавното претпријатие Национални шуми и да се поднесат барање за да може да имаме евиденција кои лица се на теренот на општина Прилеп. Исто така апелираме до граѓаните да не одлагаат отпад на места на коишто не е наменето, не се наменети за тоа, односно да не се прават диви депонии коишто се потенцијални за да може да се развие пожар на тие места и исто така да нема палење на стрништа, а на луѓето коишто работат во полето да внимаваат како го одлагаат сеното и стрништата и да се пријавува во секој момент каде и да се забележи беше дека има пожар да се пријавува до дирекцијата за спасување и заштита и исто така до сите надлежни служби, истакна  Пеце Јовевски од ЈП „Национални шуми” подружница Црн Бор Прилеп

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми” подружница Црн Бор Прилеп  кои врши дејност заштита, Шумска полиција и МВР. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изрекувана глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

Инаку, на состанокот беше  истакната важноста од навремената размена на информации и заедничкото дејствување, особено во период кога високите температури, сушата и ветерот значително го зголемуваат ризикот од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор. Беше нагласено дека превенцијата останува најважниот сегмент во заштитата од пожари и дека покрај институционалната подготвеност, клучна улога има и одговорното однесување на граѓаните.

Во периодот што следува, сите надлежни институции остануваат во состојба на зголемена подготвеност, а граѓаните се повикуваат со своето одговорно однесување да придонесат за намалување на ризикот од појава и ширење на пожари на подрачјето на општина Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Важи и за македонските граѓани – За влез и излез во Хрватска посебни ленти на граничните премини означени со EES

Благодатниот оган слезе во Ерусалим! Христос воскресе!

(ВИДЕО)Сестрата му вперила пушка во главата на братoт, полицијата го приведе родителот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе