Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Во Прилеп температурата својот максимум се очекува да го достигне до 16 часот со прогноза до 31 степен целзиусов.
Веќе од утре се најавува промена на временската состојба. Во попладневните часови од вторник до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

