31.8 C
Прилеп
недела, 19 јули, 2026
Пела Радио

Тажна вест: почина Владо Јаневски

По повеќедецениска кариера исполнета со хитови и настапи, вечерва почина македонскиот пејач Владо Јаневски. Тој починал по кратко боледување на една од скопските клиники, на 66-годишна возраст.

Јаневски зад себе остава богата музичка кариера со безброј хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении. Тој беше еден од најпознатите македонски поп-изведувачи, кој зад себе остави богата музичка кариера и бројни хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје, дипломирал на Филолошкиот факултет и бил првиот официјален претставник на Македонија на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“.

Со неговото заминување, македонската музичка сцена загуби еден од своите најпрепознатливи и најомилени изведувачи.

Последниот настап на Владо Јаневски во Прилеп беше на манифестацијата „Прилепска празнична приказна” која се реализираше од 24 декември до 1 јануари 2026.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прилеп – во тек првиот проект од „Унгарскиот кредит“

Пела Редакција

Над 300 учесници на џудо турнирот „Прилеп град херој 2024“

Пела Редакција

Внимателно, на стрелиштето Леково – ќе се изведува боево гаѓање!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе