23.6 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Водата во повеќе прилепски села и јавни чешми не е технички исправна за користење

Водата во повеќе локални водоснабдителни системи (л.в.с) и јавни чешми во прилепско водата не е за употреба, Центарот за јавно здравје апелира на внимателност бидејќи може да предизвика здравствени компликации доколку се употребува без соодветен третман како што е хлорирање или превривање:

  • Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место л.в.с -Лагово – Петрески Тоде – на основа од извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба,но мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во границите од 0,2-0,5 мг/л.вода.
  • Л.в.с. Загорани, Ѕвездакоски, водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло, како и зголемен број на колонии на 22 и 37 степени целзиусови и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во границите од 0,2 до 0,5мг/л.вода.
  •  Додека водата од Л.в.с – Веселчани – двор- Л.в.с – Волково – двор, л.в.с – Прилепец – јавна чешма – како и село Волково крајпатна чешма Св.Спас, водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 мин. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
  • Манастир с.Прилепец, водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење  без претходно вриење  од 10 минути.

Би можело да ве интересира

За Прилеп загрижувачки дневен Ковид биланс

Анализа: Младите би се вратиле доколку имаат подобри услови за живот, а не е клучна висината на платите

Пела Редакција

Граѓански парламент – ново советодавно тело во Општина Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе