11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Утре, Прилеп го одбележува 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето,а Битола на 4-ти Ноември

Со положување венци и свежo цвеќe на спомениците на народните херои од страна на преставници од локалната самоуправа,политички партии, граѓани и граѓански здуженија,  градот – првоборец, Прилеп, утре ќе го одбележи 3-ти Ноември, Денот на конечно ослободување од фашистичкиот окупатор.

По повод празникот,  традиционално, на свечена седница на Советот на Општина Прилеп, со почеток во 19,оо часот, во НУЦК ,,Марко Цепенков’’ ќе бидат доделени  Трето – ноемвриски награди, според одлуката  за доделување на награди и признанија на Општина Прилеп, по повод 3-ти Ноември -Денот на ослободувањето. Поздравен збор  на оваа седница ќе има  Градоначалникот на Општина Прилеп. Годинава се доделени пет награди – плакети и осум награди-дипломи, а најпрестижната награда за животно дело, ќе им биде доделена на дуетот, Кавсер Селимова и Ѓорѓи Желчески, за достигнувања во промоција на македонската музика во светот.

Инаку , Ослободувањето на Прилеп во Втората светска војна е дел од завршните операции за ослободување на Македонија. Во мугрите на трети ноември почнал последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели од кај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишкиот мост. Тоа е последната акција за Прилеп и во градот влегле ослободителите.

Во последните два дена Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4 – ти ноември.

Би можело да ве интересира

Засилени контроли на сообраќајната полиција

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Се’ е подготвено за Бадниковите поворки

Хуманитарна акција на Сапсителната служба „Златоврв„ за помош на Виктор

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе